Јакутски спортисти ќе земат учество во препливувањето на Беринговиот проток

Граѓани на Јакутија влегуваат во составот на групата која оваа година ќе се обиде да го преплива Беринговиот проток.

Граѓани на Јакутија влегуваат во составот на групата која оваа година ќе се обиде да го преплива Беринговиот проток, изјави двократниот рекордер од Книгата на рекорди на Русија, Александар Брилин.

Како што соопшти претставник од министерството за младина и спорт на Јакутија, Александар Брилин моментално се наоѓа во Јакутск. Таму тој ја разгледува можноста за организирање на пливањето преку Беринговиот поток. Стартот е планиран за 10 јули, а 86-те километри, според плановите, би требало да ги преплива за 12-15 дена.

„Ќе биде формирана група пливачи, со кои заедно ќе го препливаме водното пространство на протокот: од Анадир до Американскиот континент. Радува тоа што раководството на републиката, лично претседателот Егор Борисов ја поддржа нашата иницијатива. Граѓаните на Јакутија ќе бидат вклучени во групата“, изјави амбициозниот пливач.

Според зборовите на пливачот, ова препливување на протокот има меѓународно значење, бидејќи во него ќе учествуваат претставници од 13 држави и 15 региони на Русија.

„Човек мора да биде морално и физички спремен за искуството во водата, чија температура не надминува 1-2 степена по Целзиус“, изјави Александар Брилин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.