Инвестициите во економијата на Унгарија за реализацијата на „Јужен тек“ на територијата на таа држава изнесуваат 610 милиони евра. Оваа цифра ја спомна претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, во рамките на средбата со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, кој дојде во Москва по покана од руската страна.
„Ви благодариме за поддршката на „Јужен тек“. Сакам да забележам дека при реализацијата на овој проект, севкупниот обем на инвестиции во економијата на вашата држава ќе изнесува 610 милиони евра, и секако, ќе се обезбеди дополнителен доход во буџетот на држава од плаќањето за транзит на гасот“, подвлече Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче