Тројца руски астрономи добија меѓународна премија

Дури тројца астрономи ја добија меѓународната премија Едгар Вилсон (Edgar Wilson Award), која се доделува за откриени нови комети со помош на аматерска апаратура.

Дури тројца астрономи ја добија меѓународната премија Едгар Вилсон (Edgar Wilson Award), која се доделува за откриени нови комети со помош на аматерска апаратура. 

Лауреати за оваа премија во 2012 година беа петмина. Еден од нив, русинот Леонид Еленин, соработник во Институтот за применета математика „Келдиш“, ја добива оваа награда по втор пат. Во минатата година отј беше удостоен со оваа премија за откривање на кометата С/2010 Х1, првата „руска“ комета која доби „слава“ поради проповедниците на крајот на светот во 2012 година. Премијата во 2012 година Еленин ја доби за кометата Р/2011 NO1, откриена од него во јули 2011 година.

Уште двајца руси - Владимир Герке и Артјом Новичонок - ја добија премијата за откривање на кометата Р/2011 R3 во септември 2011 година.

Оваа премија се доделува од 1998 година во сеќавање на американскиот бизнисмен Едгар Вилсон. Таа се доделува на луѓето кои со помош на аматерска апаратура откриле во текот на годината една или повеќе комети. Премијата, согласно заветот на Вилсон, ја доделува Смитсонијанската астрофизичка опсерваторија.

Сумата на премијата изнесува 20.000 долари, кои се разделуваат меѓу лауреатите.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.