Русија до 2030 година ќе достигне ниво на економски развој кој ќе и даде статус на водечка светска држава на XXI век. Притоа, квалитетот на животот на нејзините граѓани ќе го надмине средното ниво на најразвиените држави. Платата на граѓаните на Русија треба да се покачи двојно, а пензиите - тројно. Оваа прогноза вчера е објавена од страна на Министерството за економски развој. Од сите три развојни варијанти, најскромниот предвидува среден раст на економијата од 3,2%.
Лидерството на Русија до 2030 година треба да биде постигнато преку создавање на глобално конкурентна и институционална средина која го стимулира претприемништвото и го привлекува капиталот во економијата. За да се постигне ова, треба да се зголеми квалитетот на деловната средина, инвестициската клима и ефективноста на државното управување во економијата. Притоа, државниот сектор, како што кажуваат во Министерството, суштествено ќе се намали, повеќето државни корпорации ќе бидат ликвидирани и ќе се реализира програма за приватизација, пренесува РИА Новости.
Веќе во 2015 година продуктивноста на трудот во Русија треба да се зголеми за 1,5 пат. Благодарејќи на „институционалните трансформации“, економијата на Русија ќе го започне иновацискиот пат на развој, а реформата на пазарот на труд ќе создаде 25 милиони нови работни места. Освен ова, дури и при скромната варијанта за развој, реалната плата во економијата ќе расте годишно за 4%.
Според сценаријата, се предвидуваат три. Песимистичен, оптимален и оптимистичен. Дури и песимистичното сценарио предвидува умерено темпо на раст на економијата. Во оптималното сценарио, економијата се ориентира на увозни технологии и знаења, а трошоците за научни истражувања и разработка ќе пораснат до 2030 година не повеќе од 1,3% од БДП. Според оптимистичката, или, иновациска рамка на развојот, планира Русија да расте многу побрзо од светската економија, односно уште во 2014 таа од шеста економија во светот да стане четврта, а во 2021 година да ја надмине и Германија. Според оптимистичкото сценарио, освен другото, претполага и бурен демографски раст. Во 2030 година бројот на население треба да достигне 150,5 милиони, наспрема 141,3 милиони според песимистичното сценарио.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче