Музеј за епохата на викинзите ќе се појави во Калининград

Калининград со нов музеј.

Музеј под отворено небо, посветен на епохата на викинзите, ќе се појави во националниот парк „Курушскаја коса“ во Калининградската област. Неговите посетители ќе можат да патуваат со музејскиот експонат - брод на викинзите, соопшти за РИА Новости во вторникот портпаролот на паркот, Олга Барбоф.

Почетокот на изградбата на музејот е планиран за февруари. Главната цел на проектот е да се зголеми привлечноста на Куршскиот и Вислинскиот залив, односно да се зголеми бројот на туристи во овој регион.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.