На 29 јануари се одржа средба на претседателот на Одделот за надворешни црковни врски при Московскиот Патријархат, митрополитот Иларион, со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски.
На средбата зедоа учество и амбасадорот на Република Македонија во Руската Федерација со дел од персоналот на Амбасадата, како и заменикот-претседател на Одделот за надворешни врски на црквата, протојереј Николај Балашов.
Во текот на разговорот кој се одвиваше во топла и срдечна атмосфера, двете страни разменија мислења за значењето на Православието во историјата на Македонија, а исто така и за неговата улога во развитокот на соработката на Република Македонија со другите држави каде живее православно население. Разговарајќи на темата за црковната состојбата на Балканот, учесниците на средбата ја забележаа потребата од продолжување на напорите кои се насочени на регулирање на канонскиот статус на Православието на територијата на Република Македонија и надминување на сите проблеми и пречки за започнување на меѓуцрковен дијалог по ова прашање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче