Министерството за финансии подготвува за Далечниот Исток на Русија даночен тајм-аут

Сенаторите сакаат да му дозволат на Далечниот Исток да живее по свои правила.

Во Министерството за финансии на Руската Федерација сакаат ги најавија плановите во однос на поправките во Даночниот кодекс, според кои, инвестициските проекти  на Далечниот Исток ќе бидат ослободени од данок на приход во период од десет години. Исклучок ќе бидат нафтените, тутунските, алкохолните и финансиските компании.

За да добијат ослободување од данок, компаниите на Далечниот Исток треба да вложат не помалку од 150 милиони рубљи во рок од три години (или 500 милиони за пет години). Овој нов режим нема да можат да го користат произведувачите на тутун, алкохол, нафта и гас, а исто така и финансиските структури.

Овие промени во даночното законодавство се прават на долгорочен план, и затоа е сѐ уште рано да се зборува за финансиската корист од овој проект. Вистинските ефекти ќе се согледаат кога ќе се погледне инвестициското портфолио на Далечниот Исток после воведувањето на промените. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.