Главните причини за детската смртност во Русија се сообраќајните несреќи и самоубиствата

Во 2011 година не е забележана ниту една смрт на малолетници од труење со алкохол.

Руските деца почесто гинат во сообраќајни несреќи на 3, 7 и 16 години. Што се однесува до самоубиствата, тие се случуваат од 11 до 15 години. Ова го кажуваат податоците за 2011 година од руското биро за статистика „Росстат“. Од „надворешни“ причини, во 2011 година починале 6.350 деца.

Според статистиката, главните „надворешни“ причини за детската смртност во Русија во 2011 година - се сообраќајните несреќи и самоубиства. Според мислењето на експертите, статистиката на леталните исходи е поврзана со образовниот циклус, а самоубиствата неретко се објаснуваат со љубовта кон компјутерските игри, како и со недостаток на љубов, чувства од страна на возрасните.

На 3 до 4 години децата почнуваат да одат во детски градинки, при што неретко детето може да избега од родителот, при што се случуваат трагични случаи. Исто така, ова е возраст кога децата започнуваат да возат велосипед, што е уште една причина повеќе потенцијална несреќа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња