Оперативно-тактичките вежби на флотите на Воената морнарица на Руската Федерација завршуваат денеска во источниот дел на Средоземното море, соопштува Министерството за одбрана на Русија.
Пред завршувањето на вежбите, началникот на Генералштабот и министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу – рапортираа со заклучоците од одржаните вежби. Според зборовите на Герасимов, целосно е завршен делот од вежбите, во кои беше вклучена авијацијата, а активната фаза ќе трае до 29-30 јануари во акваториите на Средоземното и Црното море.
Најголемите вежби во последниве децении на Воената морнарица на Русија почнаа на 19 јануари во Средоземното и Црното море. Во овие вежби учествуваа повеќе од 20 бродови на Црноморската, Балтичката и Северната флота, како и три подморници, од кои една нуклеарна. Основната задача – беше подготовка на готовноста на органите на воената управа и меѓуфлотските групи за исполнување на задачи во далечни води.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче