Академијата на науки на Кина објави дека ја доделува премијата од областа на меѓународната научно-техничка соработка за 2012 на индискиот професор Џавахарлала Неру, германскиот научник, Хербер Јакл и рускиот професор, академик во Руската академија на науки, Гелиј Жеребцов.
Професорот Гелиј Жеребцов е специјалист во областа на сончево-земната физика и високата атмосфера на Земјата. Тој активно ја поддржува научно-техничката соработка меѓу Русија и Кина, особено меѓу Академиите на науки на двете земји.
Наградата која ја доделува Кинеската академија на науки, се доделува на висококвалифицираните странски специјалисти кои внесле голем придонес во меѓународната научно-техничка соработка со Кинеската академија на науки.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче