Русија и Казахстан потпишаа договор за создавање на систем за ПВО

Заеднички заштитен чадор за Русија и Казахстан.

Министрите за одбрана на Казахстан и Русија потпишаа договор за создавање на заеднички систем за регионална противвоздушна одбрана, соопшти денеска прес-службата на Министерството за одбрана на Казахстан.

Во почетокот на ноември беше кажано дека Владимир Путин дал указ на Министерството за одбрана да изврши преговори со претставници од Казахстан, што како резултат требаше да доведе до потпишување на договор за заеднички систем за противвоздушна одбрана. Во моментов таков систем Русија има само со Белорусија, но се планира ваков договор да се потпише и со Ерменија. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.