Десетици нови литературни, историски, детски дела ќе бидат претставени на рускиот штанд за време на одржувањето на XXII Меѓународен саем на книгата во Хавана, соопштија за РИА Новости претставници од руската делегација.
Освен ова, кубанската публика и граѓаните на Русија кои живеат во Куба, како и гости од другите држави, ќе можат да се запознаат со руската класика, со уметнички албуми, речници, помошни книги и разговорници. На саемот се планира одржување и приказ на фрагменти од руските анимирани филмови, литературни средби со авторите на претставените книги.
На саемот ќе земат учество прозаисти, поети, преведувачи и литературни критичари од Руската Федерација (во Хавана ќе дојдат писатели од 32 држави).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче