Македонија има што да понуди на рускиот бизнис. Ова го изјави денеска шефот на министерството за надворешни работи, Никола Попоски, настапувајќи во Стопанската комора во Москва.
„Ние имаме што да понудиме на рускиот бизнис, рече министерот. Македонија е политички и економски стабилна земја“. Шефот на македонското МНР увери дека владата на републиката ја гарантира заштитата на странските инвестиции. „Ние ја поздравуваме секоја иницијатива на странските инвеститори, продолжи тој. Во Македонија има најевтина потрошувачка кошничка во цела Европа“.
Попоски потсети дека во текот на преговорите со рускиот колега Сергеј Лавров, двете страни потпишаа договор за отворање културни центри. „Верувам дека за половина година после отворањето на културниот центар во Скопје, јас ќе го научам рускиот јазик“, рече министерот.
Од своја страна, заменик-претседателот на СК, Георгиј Петров, констатираше дека политичкиот дијалог меѓу Русија и Македонија е редовен и дека меѓувладината комисија активно работи. „Во минатата година контактите на комората со Македонија беа поголеми отколку со било која друга земја-партнер“, изјави Петров. Тој потсети дека од февруари минатата година, Русија ја посетија министерот за земјоделство, вице-премиерот и претседателот на владата на Македонија.
Освен ова, тој забележа дека нивото на билатералната соработка во трговијата не соодветствува на потенцијалот кој постои. „За девет месеци од 2012 година, трговската размена се намали за 40%, продолжи тој. Главната причина за тоа е структурата на производите со кои се тргува“. Во врска со ова, Петров ги повика руските и македонските деловни кругови да ја развијат соработката не само во енергетскиот сектор, туку и во други области. „Убеден сум дека производителите од Македонија ќе најдат купувачи во Русија“, рече Петров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче