На денешен ден е роден Борис Спаски

На денешен ден е роден еден од светските шаховски прваци.

Борис Васиљевич Спаски е роден на 30 јануари 1938 година. Руски велемајстор, роден во Ленинград – станува светски шаховски првак во 1969 година. Завршил филолошки факултет, отсек – новинарство. Станал шаховски мајстор во 1952 година, интернационален шаховски мајстор во 1953 година, а велемајстор во 1955 година.

Како дете бил евакуиран од опсадениот Ленинград со вториот ешалон, кој единствено не бил бомбардиран од страна на германската артилерија и авијација, за разлика од првиот и третиот. Борис со братот се нашол во детски дом, каде Борис на 5 години почнал да игра шах. Во 1944 година, татко му го напушта семејството, оставајќи ја мајка му на Борис во трет месец бременост сама. Во ноември таа година се родила сестрата на Борис, Ираида, која станала велемајстор во дама.

Малку покасно во животот, негов тренер станал велемајсторот Александар Толуш, еден од најсилните советски шахисти после војната, мајстор на комбинираниот стил и добар тактичар. Во 1952 година, Спаски за прв пат си ги мерел силите со мајсторите на шахот на ХХ шампионар на СССР во 1952 година, кога добил 50% успех.

Станува светски шампион во 1969 година. Спаски бил светски шампион три години, додека не изгубил од Фишер во 1972 година во „мечот на векот“. Овој натпревар се одржал во Рејкјавик, Исланд за време на најбурното време од Студената војна, со што се гледал како симболика меѓу конфронтацијата на двете суперсили. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.