Според податоците на РБК, во новата економска зона во Људиново (Калужска област) ќе се произведуваат делови за автомобили наменети за српските и австриските произведувачи на возила.
Министерството за економски развој даде „да“ за создавање во Русија на шетата специјална економска зона од индустриско-производен вид – во петокот заменикот градоначалник, Олег Савељев, стави печат на договорот.
Најавените инвестиции од инвеститорите ќе изнесуваат 33 милијарди рубљи, додека федералниот буџет ќе даде дополнителни 6 милијарди рубљи. Со оваа инвестиција планирано е отворање на не помалку од 3.000 нови работни места.
Во фабриката ќе се произведуваат делови за Volkswagen, Volvo, Peugeot-Citroen, Mitsubishi, Skoda и Renault, а освен овие компании, делови ќе се испорачуваат и во Србија, Кина и Австрија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче