Од моментот кога започна острана и бесплодна дискусија меѓу Москва, Брисел и Вашингтон околу американскиот систем за противракетна одрбана (ПРО), рускиот оперативно-тактички комплекс „Искандер“ стана еден од клучните аргументи на асиметричниот одговор за ПРО во Европа. Овој руски систем има потенцијал да биде еден од најпобаруваните од страна на другите земји, а доколку се земе предвид високата воено-политичка чувствителност денеска во светот, можно е тоа да се случи доста брзо. Дополнителната разработка на високопрецизниот „Искандер-Е“ може целосно да ја измени ситуацијата.
Според руската класификација, тактички се балистичките и крилестите ракети кои имаат радиус од 100 километри, а во редот на оперативно-тактичките спаѓаат ракетите кои имаат радиус на дејство од 100 до 1000 километри. Според западната класификација, тактички се ракетите со дејство до 300 километри.
Извозот на ваквите системи, почнувајќи од 1987 година се регулира со Режимот за контрола на распространувањето на ракетните технологии - неформален договор меѓу 34 земји. Според него, извозот на ракети со радиус повеќе од 300 километри, носивост од 500 килограми - се ограничува.
Сериското производство на руските комплекси започна во 2006-та година. Ѕвездениот час на системот „Искандер“ дојде во 2008-та година, кога претседателот на Русија, Дмитриј Медведев, изјави за ставање во готовност на „Искандерите“ во Калининградската област како одговор на разместувањето на американскиот систем за против-ракетна одрбана во Полска и Чешка. Тогаш тоа предизвика паника на Запад, па затоа „Искандер“ денеска се систем за „трезнење“ на Западот во ситуациите кога треба да се изврши притисок врз САД и НАТО.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче