Премијата „Блокбастер на годината“, која се доделува од списанието „Кинобизнисот денес“, е доделена на анимацијата „Ice Age 4:“, која во Русија заработи 50 милиони долари.
Лидери на кино-благајните во Русија исто така се „Мадагаскар 3“, „ The Twilight Saga: Breaking Dawn: Part 2“, „Man in Black“, „John Carter“ и „The Avengers“.
Од руските филмови, најуспешна е анимацијата „Принцот Иван и Сивиот волк“, а еден од продуцентите на тој проект, Сергеј Селјанов, е прогласен за продуцент на годината.
Што се однесува до европските филмови, најдоходен европски филм стана „Астерикс и Обеликс во Британија“, каде глуми новопечениот граѓанин на Руската Федерација, Жерар Депардје. Овој филм во Русија заработи 6,8 милиони долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче