Ако утре има војна, тоа ќе биде валутна војна

Светот повторно е пред прагот на нова валутна војна.

Светот повторно е пред прагот на нова валутна војна. Но овој пат таа може да почне од Јапонија, каде Централната банка, за да ја спаси економијата, почна политика на намалување на курсот на јенот, за да го поддржи јапонскиот извоз на светските пазари.

Опасноста од нова валутна војна ја признаваат и во Русија. „Тоа не е пат кон единство, туку кон делење, сегрегација, разделување на одделни зони на влијание – сè до појава на силна конкуренција, до трговска војан, што, секако, е контрапродуктивно“, изјави првиот заменик претседател на Централната банка, Алексеј Улјукаев, зборувајќи за монетарната политика на Јапонија. Како што соопшти тој, Русија нема да оди по тој пат како и Јапонија, туку ќе ја подготви рубљата за „слободно пловење“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња