Овој уникатен музеј со примероци од древната христијанска уметност ќе биде создаден од научно-реставрацискиот центар „Грабар“. Во моментов, градските власти бараат соодветни простории за изложбата. Се кажува дека може да се започне со изградба на посебно место за музејот.
Иницијативата за создавање на овој музеј му припаѓа на уметникот-реставратор Адолф Овчиников. Колекцијата која е собрана од него лично, вклучува копии на икони од 9-17 век и фотографии на спомениците од христијанската уметност.
„Јас сум подготвен и да ја дадам мојата колекција како подарок на Русија и Москва, но, сепак, важно е компетентно да се организира изложбата, како и да се организира работата околу копирањето и проучувањето на античките споменици. Сево ова мора јас да го направам сам со моите поодминати години“, рече 82-годишниот Овчиников.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче