Сибирските научници открија лекарство за регенерација на мозокот

Новосибирските научници создадоа лекарство кое предизвикува мозокот на човекот да произведува матични клетки за регенерирање на заболените органи.

Новосибирските научници создадоа лекарство кое предизвикува мозокот на човекот да произведува матични клетки за регенерирање на заболените органи.

„Препаратот припаѓа во редот на регенеративните и нема свои аналози во светот. Ние оваа година ќе започнеме со клинички испитувања, а предклиничките веќе ги завршивме“, кажа претседателот на советот на директори и ко-сопственик на компанијата „Scientific future management“, Андреј Артамонов.

Според него, сите операции со матични клетки сега се одвиваат надвор од организмот на човекот, што носи одреден ризик поврзан со фактот дека модифицираната, вештачки размножена клетка може да почне да дејствува на неочекувано место. Матичните клетки од сопственото тело веднаш го наоѓаат повредениот орган и започнуваат да го лечат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња