Роскосмос и Руската академија на науки создадоа работна група, која ќе дискутира за прашањата околу својата соработка во вселената. Ова го изјави шефот на Роскосмос, Владимир Поповкин.
„Дојде момент кога мисиите со екипаж и науката треба да бидат меѓусебно поврзани. За таа цел, ние создадовме работна група со Руската академија на науки“, изјави Поповкин. Тој истакна дека во рамките на работната група ќе се зборува за мисии со екипаж на Месечината во интерес на науката.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче