Путин изрази сочувство до претседателот на Бразил во врска со пожарот во градот Санта-Марија

Претседателот Владимир Путин изрази длабоко сочувство до претседателот на Бразил, Дилма Русеф, во врска со пожарот во градот Санта-Марија, каде има бројни жртви.

Претседателот Владимир Путин изрази длабоко сочувство до претседателот на Бразил, Дилма Русеф, во врска со пожарот во градот Санта-Марија, каде има бројни жртви.

Рускиот лидер нагласи дека особено трагично е тоа што повеќето од загинатите се млади луѓе. Путин го замоли Русеф да пренесе зборови на сочувство и поддршка на сите оние кои ги загубиле своите најблиски, а исто така и желби за што побрзо закрепнување на повредените.

Како резултат на вчерашниот пожар во ноќен клуб во градот Санта-Марија, кој се наоѓа на југот од државата – загинаа 233 луѓе. Во болниците со изгореници, модринки и труење од гасовите кои се ослободиле се наоѓаат 106 настрадани. Поради оваа трагедија, претседателот на Бразил прогласи тридневна жалост во земјата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња