Претседателот на Думата повикува да не се оправдува нацизмот

Спикерот на Думата на Руската Федерација, Сергеј Наришкин, предупредува да не се дозволат обиди за оправдување на нацизмот во современиот свет.

Спикерот на Думата на Руската Федерација, Сергеј Наришкин, предупредува да не се дозволат обиди за оправдување на нацизмот во современиот свет.

„Во првите години после војната беше неверојатно да се претстави дека ќе се најдат такви кои ќе се обидат да ги оправдаат постапките на нацистите, на нивните соучесници и нивните злосторства против човештвото. За жал, денеска гледаме такви случаи, и поради тоа ние не смееме рамнодушно да го гледаме тоа“, изјави Наришкин за време на работната посета во Полска, каде зеде учество во церемонијата посветен на 68-годишнината на ослободувањето на Освенцим од Црвената Армија.

„Нам ни треба единство во напорите за да ги спречиме обидите за враќање на нацизмот во нашиот дом“, рече тој, додавајќи дека злосторствата на фашизмот не застаруваат.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња