Рускиот писател Владимир Сорокин, автор на романите „Сино сало“, „Срцата на четворицата“, „Норма“ и „Ред“, влезе во потесниот избор за доделување на британската меѓународна награда „Booker“.
Во списокот финалисти се најдоа десет писатели од девет земји. „Тоа се писатели на кои сме им должни, чии дела постојано ќе се препрочитуваат. Нивните книжевни стилови се сосема различни“, рече претседателот на жирито, Кристофер Рикс.
Меѓународната награда „Booker“ се доделува од 2005 година на секое две години. Наградата ја добиваат авторите кои пишуваат на англиски јазик, но и на оние, чии дела се преведуваат на англиски. Таа не се доделува за некое конкретно дело, туку за „творечката активност, развој и севкупен допринос во светската книжевност“.
Премијата годинава ќе се доделува во Лондон на 22 мај, а победникот ќе добие 97.000 долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче