Московски „Спартак“ информираше дека е потпишан договор со италијанскиот заштитник од екипата на „Рубин“ - Салваторе Бокети, кој за медиумите ги изнесе и причините за трансферот.
Во понеделникот, како што се очекуваше, московски „Спартак“ соопшти дека е потпишан договор со 26-годишниот заштитник на националниот тим на Италија, Салваторе Бокети. За потпишувањето на договорот е соопштено и на официјалната страница на црвено-белите.
Италијанецот, кој претходно играше за казањски „Рубин“, се појави во канцеларијата на екипата по задолжителниот медицински преглед. Бокети, кој освен мајчиниот - италијански, зборува шпански, англиски и руски, утре ќе и се приклучи на екипата на „Спартак“, која во моментов се наоѓа на подготовки во Емиратите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче