Фестивалот „Златна маска“ започна вчера на новата сцена во Бољшој. Први на сцената се најдоа артистите на театарот од Екатеринбург за опера и балет, со својот балет „Amore Buffo“. За учество во овој конкурс, годинава се одбрани 56 спектакли, претставени од 46 руски театри. Конкурсната програма, како и секогаш, ќе биде оценувана од две професионални жирија.
Конкурсната програма ќе продолжи до 15 април, а на 16 април ќе се реши кој ќе биде добитникот на „Златната маска“. Свечената церемонија на доделувањето ќе се одржи во Московскиот академски музички театар „Станиславски и Немирович-Данченко“.
Наградата „Златна маска“ се доделува од 1994 година од Сојузот на театралните дејци на Русија, како професионално признание за најдобрите творби во сезоната од сите видови театрална уметност: драма, опера, балет, оперета, мјузикл, куклен театар.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче