Министрите за надворешни работи на Русија и Македонија ги усогласија условите за отворање културни центри

Министрите Лавров и Попоски потпишаа во Москва договор за создавање и услови на работа на идниот руски културен центар во Македонија, како и на македонскиот културен центар во Русија.

Министрите Лавров и Попоски потпишаа во Москва договор за создавање и услови на работа на идниот руски културен центар во Македонија, како и на македонскиот културен центар во Русија. Министрите исто така, потпишаа план за консултации меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји за 2013-2014 година.

„Само што потпишавме договор за создавање културни центри во Москва и во Скопје, како и план за консултации меѓу министерствата за надворешни работи“, изјави Лавров на прес-конференцијата за заклучоците од преговорите со својот македонски колега.

Шефот на МНР на Русија подвлече дека правната рамка на руско-македонските односи се зацврстува. Покрај ова, според зборовите на Лавров, сега е “во завршна фаза работата со дополнителните документи“, меѓу кои се и документите за соработка во борбата против трговијата со дрога, соработката меѓу царинските органи и меѓу енергетските компании од двете земји.

Од своја страна, Министерот за надворешни работи на Македонија ја истакна важноста на овој договор, според кој ќе се отворат културни центри, забележувајќи дека со неговото потпишување е направен голем чекор меѓу нашите држави во зацврстувањето и проширувањето на соработката во областа на културата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња