На 27 јануари 1944 година заврши опсадата на Ленинград. Патријархот Кирил изврши неделна литургија во московскиот храм на Христос Спасителот и ги поздрави русите со годишнината од пробивањето на опсадата на Ленинград.
Патријархот подвлече дека преку ваквите искушенија, Господ му дал на рускиот народ можност да се искупи за многуте гревови, но истовремени не дозволил да падне државата и православната вера. „И во таа смисла, отстранувањето на блокадата на Ленинград имало судбоносно значење. Колку е неверојатна способноста на повеќемилионскиот град да издржи во услови на глад, бомбардирање и опсада“, изјави патријархот.
Опсадата на Ленинград траеше 872 дена – од 8 септември 1941 година до 27 јануари 1944 година. Според различни податоци, за време на опсадата во градот загинале од 300.000 до 1.500.000 луѓе.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче