Експлозија до зградата на полицијата во Санкт Петербург

Според прелиминарните информации, сомнителен предмет бил оставен во влезот на регионалната полициска станица од страна на непознат човек во Санкт Петербург.

Неидентификуван уред експлодира пред регионалната полициска станица во Санкт Петербург, едно лице е повредено, соопштено е на прес-службата на петербуршката полиција.

„Инцидентот се случи околу 10 часот (по македонско време). Според прелиминарните извештаи, сомнителен предмет е оставен во регионалното одделение на полицијата од страна на непознат маж. Возач во полицијата се обидел да го тргне непознатиот предмет, после што се случила експлозија“, кажано е на прес-службата.

Возачот е хоспитализиран. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња