Заедничката компанија создадена од руската Sollers и јапонската Mitsui & Co започна со производство на Toyota Land Cruiser Prado во фабриката во Владивосток.
Во првите етапи на работата на заедничката компанија, која ја нарекоа "Sollers-Bussan", во еден месец ќе се произведуваат илјада модели од ова возило. Индустриското составување на теренецот на Toyota ќе се одвива со техничка поддршка на специјалисти од јапонската фирма.
Освен Land Cruiser Prado, компанијата Toyota во Русија го произведува и моделот Camry. Сериското производство на моделот Prado ќе започне во февруари годинава. Притоа, цената на автомобилот и квалитетот на неговото составување нема да биде пониска за разлика од јапонските примероци.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче