Студент од Томск пронашол начин да ги претвора отпадните води од термоцентралите во вода и сол

Магистрантот на Томскиот политехнички универзитет (ТПУ), Кирил Афанасјев, разработил проект за машина која ги преработува отпадните води на термоцентралите во сол за готвење, вода и суровина за изработка на стакло, изјавил за ова Кирил во средата.

Магистрантот на Томскиот политехнички универзитет (ТПУ), Кирил Афанасјев, разработил проект за машина која ги преработува отпадните води на термоцентралите во сол за готвење, вода и суровина за изработка на стакло, изјавил за ова Кирил во средата.

„Некои елементи од предложената шема беа познати и претходно, јас се занимавав со нивното аранжирање во ефективна шема. Сега на многу термоцентрали отпадните води едноставно се исфрлаат, воопшто не се користат. Јас предложува нивно концентрирање и повторна употреба“, раскажа Афанасјев.

Тој појасни дека сите апарати кои се користат се термички, и во овој случај тие се поефективни од хемиските. На почеток се испарува дел од отпадната вода во апаратот за моментално испарување. Потоа отпадните води одат во контакт-испарувачот, и во процесот на „клокот“ (греење течности „однатре“ со помош на специјален грејач) се добива заситен раствор; оваа технологија ја зголемува ефективноста на процесот и дозволува „максимално да се концентрира“ супстанцијата. После тоа течноста се става во кристализатор - сад со механичка мешалка, кафе кристалите се таложат на ѕидовите, а потоа се носат во сушара.

Според зборовите на магистрантот во ТПУ, после ваквата обработка на отпадната вода од термоцентралите, се добива чиста вода која ќе може повторно да се искористи, сол за готвење и натриум сулфат, неопходен за производството на стакло.

Овој изум на младиот научник во почетокот на 2013 доби награда од Руската академија за национална економија, како и државната служба при претседателот на Руската Федерација. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња