Руските лизгачи со пет освоени медали на Европското првенство во Загреб

Два златни, два сребрени и еден бронзен медал освоија руските лизгачи на Европското првенство во уметничко лизгање во Загреб.

Два златни, два сребрени и еден бронзен медал освоија руските лизгачи на Европското првенство во уметничко лизгање во Загреб. 
Во натпреварите од категоријата парови, победници станаа Татјана Волосожар и Максим Транков, кај танцовите двојки злато освоија - Екатерина Боброва и Дмитриј Соловјов, додека „сребрени“ беа Елена Илјиних и Никита Кацалапов. 
Две медалји освоија и руските лизгачки во поединечна конкуренција - Аделина Сотникова (сребро) и Елизавета Туктамишева (бронза). 
Олимпискиот шампион од 2006 година, Евгениј Плушченко, неуспешно ја заврши кратката програма поради повреда на грбот, па поради тоа одлучи да го напушти шампионатот. Според лекарите, Плушченко најверојатно повторно ќе започне да тренира во март.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.