Компанијата NIS, која се наоѓа под контрола на руската фирма „Гаспром-нафта“, планира до крајот на 2013 година да инвестира околу 90 милиони евра во 36 бензински станици на територијата на Босна и Херцеговина.
„Излезот на пазарот на Босна и Херцеговина е стратешки чекор за NIS. После завршувањето на модернизацијата на модернизација на рафинеријата во Панчево, ние произведуваме доволно квалитетно гориво со Евро-5 стандард, и можеме да си дозволиме поактивно да работиме на регионалниот пазар на гориво“, изјави генералниот директор на NIS, Кирил Кравченко.
Според неговите зборови, компанијата смета дека наскоро мрежата на NIS ќе „заземе достојно место меѓу најголемите играчи на Балканот“.
На 23 јануари претставници на NIS на свечена церемонија во градот Бања Лука веќе отворија една нова бензинска станица, во која обемот на капитални инвестиции изнесува 1 милион евра. Претходно NIS потпиша договор за купување на мрежа од 28 бензински станици кои припаѓаат на компанијата-ќерка на австриската OMV на територијата на Босна и Херцеговина.
Отворањето на новата бензинска станица и купувањето на бензинските станици на OMV - се само еден од остварените чекори од стратегијата за регионален развој на NIS, во чии рамки влегува и ширењето на малопродажната мрежа во државите на балканскиот регион.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче