МНР на Русија: Разместувањето на ракетните комплекси „Патриот“ во Турција на границата со Сирија ќе доведе до појава на провокации

Разместувањето на ракетните комплекси „Патриот“ во Турција на границата со Сирија може да доведе до појава на провокации. Ова мислење вчера го изнесе во интервју со ИТАР-ТАСС заменикот на министерот за надворешни работи - Генадиј Гатилов.

„Ако Турција смета дека тоа е неопходно за нејзината безбедност - тоа е нејзино национално решение, рече дипломатот. Но, ако тоа е чекор кон зголемување на степенот на конфронтација и напрегнатост во регионот, можат да се појават и провокации“, додаде тој.

Провокациите, според зборовите на заменикот на министерот,  можат да се појават и со хемиско оружје, кога ќе биде испровоцирана ситуација, која ќе послужи за да се обвини сириската влада.

Како што претходно е соопштено, првите „Патриоти“ ќе бидат поставени на дежурство во Турција на границата со Сирија на крајот на оваа недела. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.