Изјавата на УЕФА за можните санкции за фудбалските федерации на Србија и Хрватска е предупредување за рускиот национален тим и за домашните клубови, изјави министерот за спорт на Русија, Виталиј Мутко.
Извршниот комитет на УЕФА на состанокот во Нион ги предупреди фудбалските федерации на Србија и Хрватска за систематското нарушување на редот од страна на навивачите на трибините, заканувајќи им се на овие земји за исклучување од сите натпреварувања под покровителство на УЕФА и ФИФА.
„Санкциите против Србија и Хрватска - не се факт, но тоа е сигнал за сите, како и за нас - за руските клубови, тимови и фанови“, рече Мутко. Министерот забележа дека „на заседанието на извршниот комитет на УЕФА имало тешки осудувања, но било решено на Србија и Хрватска да им се даде уште една шанса“.
„За Русија на состанокот во Нион не дискутираа, но ние треба многу внимателно да го земеме ова предвид“, додаде Мутко. Тој, исто така, увери дека европските фудбалски функционери засега не ѝ поставувале прашања на Русија околу однесувањето на навивачите на трибините, „затоа што кај нас се преземаат мерки, и фудбалските власти реагираат на ваквите инциденти“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче