Генералниот штаб: Руската армија е подготвена за голема војна

Вооружените сили на Руската Федерација се подготвени за голема војна.

Вооружените сили на Руската Федерација се подготвени за голема војна, изјави началникот на Генералниот штаб, генерал-полковник Валериј Герасимов.

„Никој не негира дека може да има голема војна, и за неподготвеноста за неа не може да стане збор“, рече Герасимов, настапувајќи на Собранието на Академијата на воените науки.

Началникот на Генералштабот смета дека во моментов најголема опасност за земјата се точките нестабилност по должината на границата. Според  него, „обоените револуции“ покажуваат дека „дури релативно просперитетна држава може да стане жртва на интервенција од надвор и да се создаде хаос“.

Покрај ова, во современите конфликти расте улогата на невоените мерки - хуманитарни, економски и политички. Генерал-полковникот исто така, истакна дека непријателот често го искористува и елементот во државата кој се бори против власта. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња