Мистичниот филм за Втората светска војна - „Белиот тигар“ од режисерот Карен Шахназаров - е удостоен со премијата „Златен орел“ за најдбар филм во 2012 година.
Овој филм на Шахназаров е основан на повеста на писателот и историчар Илја Бојашов „Танкист или „Белый тигр“. Според сижето, наредникот во советската армија Иван Најденов (Алексеј Вертков), по некое чудо се спасува од тенк кој гори и се бори со „Белиот тигар“ - германскиот тенк-фантом.
Премијата „Златен орел“ се доделува секоја година од 2002-та година, а победникот го избира Националната академија за кинематографска уметност и науки на Русија. Во оваа година за статуетката „Златен орел“ во номинација за „најдобар филм на годината“ се натпреваруваа пет филма: „Орда“ на Андреј Прошкин, „Шпион“ на Алексеј Андрианов, „Духless“ на Роман Пригунов, „Белиот тигар“ на Карен Шахназаров и „Висоцки. Фала што си жив“ на Петар Буслов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче