Времеплов: на денешен ден во историјата на Русија

Петроград го добил името Ленинград.

Во 1703 година, за време на Северната војна, Петар Велики одредил место за изградба на руската тврдина Санкт-Питер-Бурх.

Статусот на главен град на Русија, градот на Петар Велики го има од 1712-1728, и од 1732-1918 година.

После започнувањето на Првата светска војна, во 1914 година императорот Николај Втори потпишал Акт за преименување на градот во Петроград. Во 1917 година градот станал место на Февруарската и Октомвриската револуција.

После смртта на Владимир Ленин, на Вториот конгрес на Советите на 26 јануари 1924 година, Петроград го преименувале во Ленинград, за да се овековечи сеќавањето на водачот на пролетаријатот.

Историското име Санкт-Петербург - градот го добил во 1991 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.