Во Русија повторно се отвора компанијата „Ситроникс“

Најдена е причина за повторно отворање на заборавената марка „Ситроникс“ - ќе работи на ГЛОНАСС.

АФК „Система“ повторно ќе го рестартира произведувачот на микро-компоненти и на информатички технологии, компанијата „Ситроникс“. Сега оваа структура ќе се занимава со развиток на системот за глобално позиционирање - ГЛОНАСС. Се смета дека имено „Ситроникс“ ќе се занимава со производство на микрочипови за ГЛОНАСС.

Компанијата пред неколку години дојде до банкрот откако паднаа за 12 пати цените на нејзините акции. Таа беше одржувана преку преструктуирање на нејзиниот долг и сопственост, но денеска има сосема нов повод за нејзино повторно отворање и работа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња