Претседателот Владимир Путин ѝ нареди на владата да создаде механизми за помош на странските медиуми на руски јазик. Како што соопштува за „Известија“ извор во владата, ваквото решение на владата е донесено врз основа на извештајот на Министерството за надворешни работи за заклучоците од октомврискиот Светски конгрес на руските сограѓани во светот кој се одржа во Санкт Петербург. Автор на извештајот е министерот Сергеј Лавров, кој му препорача на Путин да му довери на Роспечат создавање на механизми за помош во дејноста на електронските и печатените изданија на руски јазик во странство.
Тоа е дел од планот за подобрување на имиџот на Русија во странство. Русија е заинтересирана да создава таков имиџ, а не само пасивно да набљудува и да гледа како вештачки се создава негативна слика на Русија во светот.
Претставници на неколку медиуми на руски јазик во странство сметаат дека државата треба да ги поддржува лојалните средства за масовна информација.
„Нашата задача во странство е да создаваме позитивен лик за Русија. Генерално земено, чешките средства за масовна информација пишуваат негативно за Русија“, изјави за „Известија“ главниот уредник на чешкиот весник на руски јазик „Пари“, Марина Зенина.
Меѓу другите укази на претседателот на Русија после Светскиот конгрес на руските сограѓани во светот најдоа и указите за ширење на употребата на рускиот јазик во странство во образовни цели, разработка на механизми за забрзано давање на државјанство на носителите на руската култура во другите земји кои сакаат да се преселат во Русија, а и помош при преселба на руските граѓани од другите земји во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче