Су-35 ја покорува Кина

Во последните преговори кои се воделе во Пекинг од страна на претставници на „Рособоронекспорт“ и „Сухој“, се зборувало за прашањето околу купување на новиот руски мултифункционален ловец - Су-35.

Во последните преговори кои се воделе во Пекинг од страна на претставници на „Рособоронекспорт“ и „Сухој“, се зборувало за прашањето околу купување на новиот руски мултифункционален ловец - Су-35.

Според првичните податоци, минималниот број авиони кои ќе бидат нарачани од страна на Кина ќе изнесува 40. Руската страна инсистира на поголема партија продадени авиони, бидејќи стравува дека, поучена од претходните искуства, Кина едноставно ќе купи неколку авиони, а потоа грубо ќе го копира, и повеќе нема да врши никакви набавки од истиот авион. Тоа значи дека се врши директно преливање на технологијата во друга земја.

Кина на почетокот на преговорите се изјасни дека сака да купи четири до шест авиони, за што руската страна не се согласува. Според зборовите на претставник од преговарачката група „минималната партија треба да изнесува 40 авиони“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња