Рускиот паметен телефон го изненади Лас Вегас

Русија го претстави иновацискиот телефон на изложба во САД.

Во 2010 година, шефот на државната корпорација „Ростехнологии“, Сергеј Чемезов, ја презентираше на тогашниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев, концепцијата и изгледот на новиот телефон кој нема свој аналог во светот, кој не е измислен во САД или Јапонија, туку во Русија. Таа концепција на паметниот телефон од четвртата генерација доаѓа од руската телекомуникациска компанија „Скартел“. Многумина тогаш кон оваа новина се однесуваа скептично, повеќето експерти не поверуваа дека русите се способни да создадат нешто конкурентно. И згрешија...

Овој нов уред не само што се појави во светот, туку и беше признат оваа година за најдобар и најиновативен телефон на престижната Меѓународна изложба за потрошувачка електроника CES-2013, која се одржува од 7 до 11 јануари во Лас Вегас. YotaPhone – така се вика „руското чудо“ на компанијата Yota Devices (во 2011 таа се издели како самостојна структура од „Скартел“), кое победи во номинацијата „Мобилни уреди“ според резултатите на експертите.

Со што ги покори овој руски паметен телефон западните експерти. Со тоа што дома, во Русија во него не веруваа многу, а на оваа руска иновација воопшто не им текна на најголемите произведувачи на мобилни уреди. Тоа е телефон во светот со два екрана, од кој еден ја користи технологијата на електронско мастило (E-Ink). Освен ова, тој ја поддржува и најновата, четврта генерација мобилни мрежи LTE.

Корисниците го оценија овој апарат според неговите можности. Некој ќе премине од апаратите за читање книги на овој телефон, затоа што тој е „незаменлив во транспортот“ и дозволува да се искористат функциите на два апарата во еден. Други го сметаат вториот екран кој никогаш не се гаси како позитивна работа и удобност при работата, кој дозволува да не се „чепка“ телефонот постојано кога ќе треба да се дознае некоја информација.

Во декември 2012 година, шефот на Yota Devices, Владислав Мартинов, го раскажа за своето „дете“ следново: „Ние се стремевме да направиме нешто ново, да реализираме во уредот една оригинална идеја, која ќе реши многу проблеми, со кои денеска се среќаваат корисниците на сите видови „паметни телефони“. Ние сакавме да направиме и предложиме телефон кој ќе го измени моделот на заемно дејство меѓу корисниците и уредот“. И руските инженери успеаја. Создадоа телефон кој работи многу подолг. На екранот со електронско „мастило“ може да се гледаат фотографии, документи, карти, билети, апликации – без да се плаши корисникот дека батеријата ќе „цркне“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.