Европската Унија воопшто не е конструктивна околу прашањето за истрагата за трговијата со органи на Косово, изјави шефот на Министерството за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
„За жал, наидуваме на неконструктивен став на Европската Унија, која ја узурпираше истрагата. Истрагата ни најмалку не напредува, и ми се чини дека потајно посакуваат и да ја затворат“, изјави Лавров. Москва го поддржува барањето на Србија тоа прашање да се постави во Советот за Безбедност при ООН. „Тргнуваме од ставот дека ги поддржуваме праведните барања на Србија. Тоа е, пред сѐ, српски проблем, Србија е намерена да го постави тоа прашање во СБ, за да се вклучи ООН во тој процес. Ние тие планови ќе ги поддржиме“, изјави министерот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче