„Русија е многу загрижена поради заострувањето на ситуацијата на Косово, каде неодамна е сквернавен голем број српски храмови и гробови“, изјави официјален претставник на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, Александар Лукашевич.
„Барање меѓународните сили во покраината да преземат неопходни мерки во соодветство со нивните овластувања, за да бидат кривците за овие варварски чинови најдени и казнети, за да бидат спречени вакви инциденти во иднина“, нагласи Лукашевич.
Како пренесуваат медиумите, сквернавени се 150 српски споменици во голем број места на цело Косово. Освен тоа, забележан е обид за погром на манастирот „Ѓаковица“, подметнат е пожар во православната црква во Обилиќ и е дигнат во воздух споменикот на жртвите од Втората светска војна во Витина.
Бранот на сквернавења на српските храмови и гробови на Косово започна откако на 20 јануари во Прешево е демонтиран споменик на албанските борци на т.н. „ослободувачка војска на Прешево, Бујановац и Медвеѓе“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче