Националниот филхармониски оркестар на Русија го празнува првиот јубилеј

Вчера навршија 10 години од денот на создавање на Националниот филхармониски оркестар во Русија.

Вчера навршија 10 години од денот на создавање на Националниот филхармониски оркестар во Русија. Негов уметнички раководител и главен диригент е познатиот виолинист и диригент, Владимир Спиваков.

Репертоарот на НФОР го опфаќа периодот од раните класични симфонии до најновите современи дела. Оркестарот како најважна задача го смета негувањето на наследството и традицијата на тројцата најпојзнати руски диригенти - Евгениј Мравински, Кирил Кондрашин и Евгенија Светланова. Изучувајќи ги партитурите со советите од овие диригенти и записите на другите оркестри, музичарите на НФОР се стремат да го зачуваат највредното од нивното наследство, создавајќи свој сопствен интерпретаторски стил.

Друга не помалку важна задача за НФОР е поддршката на талентираните млади музичари и создавање услови за нивната творечка реализација и професионален раст. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња