Москва го повикува Пјонгјанг да се откаже од нуклеарното оружје и до сите воени ракетно-нуклеарни програми. Ова го изјавија денеска во МНР на Руската Федерација.
„На 22 јануари Советот за Безбедност на ООН едногласно ја прифати резолуцијата 2087 во врска со лансирањето кое се изврши на 12 декември во Северна Кореја, се забележува во коментарот на министерството. Предвидените дополнителни рестриктивни мерки во документот кон севернокорејските програми за создавање на нуклеарно оружје и балистички ракети не се однесува на потребата на населението за добивање на хуманитарна помош и економска помош“.
Во резолуцијата е потврдена решеноста на Советот за Безбедност за политичко и дипломатско решавање на проблемот околу нуклеарната програма на Корејскиот полуостров и возобновување на шестостраните преговори.
„Русија ја потврдува готовноста да „работи заедно со партнерите во шестостран формат за ад се создаде механизам за мир и безбедност во Северо-Источна Азија како еден од основните канали на создавање услови за возобновување на преговарачкиот процес“, изјавија во МНР на Руската Федерација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче