Медведев кажа кои се основните приоритети за време на претседателствувањето на Русија со Г-20

Основните приоритети на претседателството на Русија во Г-20 ќе се состојат во прифаќањето на решенија кои ќе го поттикнат глобалниот раст на економијата и ќе ја зголемат вработеноста.

Основните приоритети на претседателството на Русија во Г-20 ќе се состојат во прифаќањето на решенија кои ќе го поттикнат глобалниот раст на економијата и ќе ја зголемат вработеноста, а исто така, ќе продолжат работите околу реформирањето на Меѓународниот монетарен фонд, изјави премиерот на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, за време на настапот на панел-дискусијата на Г-20 на Светскиот економски форум во Давос.

„Мислам дека треба да прекинеме со тие бесконечни и безрезултатни спорови кои последниве години се водат во Г-20, за тоа кој е наш приоритет - растот или фискалната консолидација. Тој пат  никаде не води“, изјави шефот на руската влада.

Освен ова, тој додаде дека со ова не се исцрпени приоритетите на претседателството на Русија. Постојат осум приоритети, вклучувајќи ги и прашањата на одржливиот развој на глобалните енергетски пазари, пружање помош во меѓународната трговија и прашања за борбата со корупцијата.

Рускиот премиер забележа дека претседателството на Русија започна во не најдобар период, кога пред нас се тенденциите на забавен раст на светската економија. Така, во 2010 година растот на светската економија бил 6%, а во 2012 - 3,3%, додека за 2013 година ММФ прогнозира раст од 3,6%.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња