Бурановските бабушки собраа 6 милиони рубљи за изградба на храм

Групата Бурановски бабушки, која во 2012 го освои второто место на натпреварот на „Евровизија“, собра повеќе од 6 милиони рубљи (околу 200.000 долари) за изградба на храмот Света Троица во своето родно село Бураново.

Групата Бурановски бабушки, која во 2012 го освои второто место на натпреварот  на „Евровизија“, собра повеќе од 6 милиони рубљи (околу 200.000 долари) за изградба на храмот Света Троица во своето родно село Бураново во Малопургинската област во Република Удмуртија.

За единаесет недели се подигнати ѕидовите, и наскоро ќе се стави и кровот. Бурановските бабушки трошоците за изградба ги плаќаат од средствата кои ги добиваат од своите концертни хонорари.

Како што соопшти прес-секретарот на групата, Светлана Сиригина, Бабушките се занимаваат и со правење на волнени кукли, кои ги делат на оние кои донираат средства.

Во текот на полагањето камен-темелник, на групата ѝ помогна губернаторот Александар Волков со донација од 2,5 милиони рубљи.

Градежниците ја исполнија желбата на Бабушките просторот за хор да се смести на вториот кат, веднаш до камбаната. Црквата ќе биде висока преку дваесет метри. Планирано е изградбата да заврши во јуни годинава. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња