Во февруари Думата ќе ги разгледа измените и дополнувањата во Законот за отпадоците. Предлог-законот се наоѓа во Думата уште од јули 2011 година.
Производителите и увозниците ќе имаат избор – да ја преземат врз себе обврската да го рециклираат отпадокот кој се добива од производниот процес, или да плаќаат средства во посебен фонд. Фондот ќе биде небуџетски, но со неговите средства ќе управува државата. Придонесот во тој фонд и трошењето на средствата подоцна ќе ги определува владата.
Компаниите кои ќе ја изберат првата опција, ќе можат да склучат договор со компанија-оператор, или ќе треба да гарантираат дека ќе го решат проблемот со отпадоците самостојно. Тогаш тие ќе треба да го организираат собирањето на ѓубрето сами, да ја известат јавноста, да обезбедат негово рециклирање, а потоа да поднесат извештај до регулаторниот орган.
За секој одделен вид продукција ќе бидат воведени посебни норми за рециклирање.
Практично ќе се појави нова гранка во економијата. Ова ќе донесе нови нарачки во науката и индустријата, ќе пораснат инвестициите во разработката на поеколошки стоки и др. Секако, ова го зголемува притисокот врз бизнис секторот, но во многу сегменти веќе доминираат меѓународни компании, кои веќе се навикнале кон таквите обврски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче