Отсега доброволците кои ќе даваат крв ќе можат да сметаат само на бесплатен ручек, а парични додатоци нема да има.
Намалени се бенефициите на давателите на крв, но затоа годишните исплати на редовните даватели на крв се покачени на речиси 15.000 денари.
Како што утврдуваат законодавците, новиот федерален закон има за цел не само да го поддржи бесплатното давање крв, но и да создаде база на даватели, со што ќе може да се спасат илјадници животи. Во случај на отсуство на препарати и потребна крвна група во еден регион, лекарите ќе можат лесно да најдат даватели на крв во друг регион со помош на компјутерската база.
Не сите експерти го одобруваат новиот закон. Некои сметаат дека за многу даватели, имено паричната компензација која се давала досега била главен стимул за да дадат крв. Затоа, како што сметаат тие, новиот закон може да предизвика сериозен дефицит, бидејќи и така резервите крв во државата не се многу големи.
До стапувањето во сила на новиот закон на 21 јануари, во Москва за 100 мл крв плаќале околу 950 денари, за тромбоцитофереза – околу 7.000 денари, а за давање еритроцити – околу 9.000 денари.
„Ако веќе ја даваш својата крв, таа треба да биде добра, од душа. Со тоа се оди и кон зголемување на етиката и моралот“, кажува еден од промоторите на измените.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче